Поради Реал? Левандовски се раздели со агентот

од Vladimir Zorba

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Роберт Левандовски се раздели со еден од неговите агенти. Се работи за Чезаре Качарски, вели авторитетната германска телевизија „Спорт1“.

Интересно, од неодамна има информации за желбата на агентот да го одведе својот клиент во Реал Мадрид.

Качарски ги претставувал правата на Левандовски во последните десет години, дури и кога Роберт играл во втората полска лига.

Гласините за нивната разделба се појавија во почетокот на месецот, кога топ-стрелецот на баварскиот гигант потврди дека Кучарски се уште е негов агент.

Слични содржини