Градовите и државите во САД имаат се повеќе проблеми со наездата на големи погони за рударење кои торшат големи количини енергија.

Во светот постојат места на кои електричната енергија е поевтина отколку на друго место, а во голем борј тоа се оние кои се наоѓаат во близина на обилни обновливи извори.
Едно од тие места е Исланд, кој поради евтината енергија и студената клима привлекува голем број рудари на криптовалути и така, не по своја волја, постојат од главни светски центри за рударење, пренесе Bug.
Слична приказна се одвива и во американсата сојузна држава Њујорк. Таму во неколку градови се наоѓаат хидроцентрали кои ја снижуваат цената на струјата за домаќинствата и индустријата, што веднаш ги привлече и погоните за рударење криптовалути. Нивното отворање зазеде големи размери и многу мегавати одат на рударење кои не моажт да бидат надокнадени од локалните извори. Затоа градовите се принудени да купуваат струја од други извори, секако по повисоки цени – па и цената на крајните потроѓувачи им порасна за 100 до 200 долари годишно.
Оваа ситуација не наиде на одобрување кај локалните заедници, па на пример, градот Питсбург на почетокот на овој месец воведе мораториум на комерцијалното рударење на криптовалути во траење од 18 месеци.
Донесоа и одлука на погоните за рударење локалните извори на енергија да им наплатува повисока цена од останатите.