Поради сајбер напад неработи и компјутерот на АЕЦ “Чернобил”

од Vladimir Zorba

Поради големиот сајбер напад наречен “Петја” не функционира комјутерот на украинската АЕЦ “Чернобил”, пишува Украинскаја правда.

“Според прелиминарните информации неколку компјутери се заразени со вирусот. Компјутерите веднаш се исклучени од мрежата “, соопшти началникот на смената на објектот Владимир Илчук.

Тој додаде дека нема радициска закана во врска со инцидентот.

“Нема промени на радијација и на амбиент”, рече тој. Од прес-центарот на украинската државна агенција за управување со зоната на отуѓување околу “Чернобил” соопштија дека поради Сајбер-нападот мерењето на радијацијатан почна да се извршува рачно.

Слични содржини