Поради ситуацијата со корона вирусот: Биткоин падна за 48 проценти

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Пазарната капитализација на светскиот пазар на криптовалути падна за 93,5 милијарди американски долари за само 24 часа, до 10:07 часот утрово во Сингапур.

Падот на пазарот се должи на општата продажба на акции на светските берзи, додека државите ширум светот се борат со брзо ширењето на епидемијата на коронавирус.

Бројот на потврдени случаи на инфекција надмина 134.900 на глобално ниво, при што бројот на починати достигна скоро 5.000.