Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Деве Баир-Куманово

од desk4
112 прегледи

Поради сообраќајна незгода помеѓу товарно мотороно возило со бугарски регистарски ознаки и патничко моторно возило, во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Деве Баир-Куманово кај Осички мост, информираат од АМСМ.

Од таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид ( Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од утре четврток 21.12.2017 се воведува времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.