Поради строга диета, Кардашијан добила неизлечива болест

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Ким Кардашијан во интервју за „Allure“ откри дека три недели била на строга диета за да ослабе и да го облече познатиот фустан на Мерлин Монро на овогодинешната „Мет Гала“. Диетата го даде посакуваниот резултат, но ја чинеше нејзиното здравје.

Ријалити ѕвездата ослабе близу осум килограми и прошета на црвениот тепих во фустан од Боби Меки во Њујорк. Во едно интервју таа откри дека промената на исхраната довела до псоријатичен артритис. Имено, Ким пред диетата следела вегетаријанска исхрана во која немало месо, а диетата подразбирала оброци со месо.

„Псоријазата ми се разгоре по целото тело и добив псоријатичен артритис. Не можев да ги движам рацете. Морав да посетам ревматолог кој ми даде терапија. Се исплашив и веднаш го исклучив месото од исхраната. Набрзо се се смири“, рече Ким.

Во исхраната на Кардашијан немало јаглени хидрати или шеќер. Иако се уште тврди дека диетата била успешна и дека целта е постигната, последиците по здравјето се уште постојат.

„Кога првпат го пробав фустанот, не ми стоеше и им реков – дајте ми три недели и ќе го носам. Тоа беше предизвик, нешто како филмска улога. Бев решена да го носам. Не допрев јаглени хидрати и шеќер за тоа време. По Мет Гала, јадев сè, вклучително и крофни и пица“, изјави таа за „Allure“.

Симптомите на псоријатичен артритис обично се болни, отечени и груби зглобови, со појава на црвенило, на едната или на двете страни од телото. Потоа, отекување на прстите на рацете или нозете, болка во долниот дел на грбот, тендинитис, што ја отежнува подвижноста.

Горенаведените симптоми може да се појават, иако има периоди на одмор и се многу слични на симптомите на ревматски артритис.

Слични содржини