Бројот на загинатите поради уривањето на браната Каховка во Украина и последователните поплави во делот на Херсонската област под руска контрола се искачи на 41, изјави денеска претседателот на проруската регионална влада Андреј Алексејенко.
„За жал, бројот на загинати се искачи на 41“, напиша Алексејенко на својот канал на Телеграм, пренесува ТАСС.
Тој изјави дека Нова Каховка постепено се опоравува од катастрофата и дека денеска повторно е вратено снабдувањето со електрична енергија по гранатирањето на украинските сили.