Поради високите температури тимови од Црвен крст ќе патролираат низ центарот на Скопје

од Берта Китинска
270 прегледи

Од утре, во периодот од 11 до 16 часот, мобилни екипи на Црвениот крст на Град Скопје ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и ќе даваат совети на граѓаните како да се заштитат од топлотниот бран. Доколку е потребно, екипите ќе укажат и прва помош.

-Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка од Град Скопје, подготви акциски план кој опфаќа теренски активности за справување со евентуални топлински бранови. Согласно со искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од 5-те општински организации во Скопје ќе патролираат низ градот Скопје и ќе дистрибуираат вода и информативни флаери наменети за граѓаните.За активностите во наредниот период, ќе бидат ангажирани 16 волонтери распоредени во 4 тима со 4 возила. Се планира дистрибуција на 800 шишиња вода или 400 литри вода на дневна основа, соопштија од Град Скопје.

Слични содржини