Припадниците на 1. пешадиски баталјон на Армијата од денеска се вклучуваат во асистенција на полицијата за обезбедување на препорачаното растојание пред институциите во Куманово каде има зголемено присуство на граѓани.
-Даваме поддршка и на Црвениот крст во Куманово во доставување на пакети за социјално ранлива категорија граѓани. #СекогашПодготвени, за граѓаните!, велат припадниците на 1. пешадиски баталјон на Армијата.