Порака која крши срце: Кобиљски и сопругата ја изгубија ќерката во масакрот, па со објава го трогнаа цел регион

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Една од деветте жртви на масакрот што се случи во средата во елитното училиште во белградски Врачар беше ќерката на поранешниот одбојкар Драган Кобиљски.

Кобиљски во својата играчка кариера го носеше дресот на Партизан, а подоцна беше и тренер на Црвена звезда, а трагичната вест го најде во Романија каде е тренер на клубот Залау.

Драган и неговата сопруга Нина објавија трогателна порака на Фејсбук три дена по хоророт во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

– Ви благодариме многу на сите, бескрајно го цениме секој збор на утеха и поддршка, како светлина која тлее во најдлабоката темнина. Се молиме за сите наши ангели и нивниот небесен чувар . Се молиме за повредените пријатели и учителката. Колку и да занемеме од болка за нашите изгубени деца, толку сме среќни за сите што успеале да се спасат. Господ да не чува од гнев и горчина, да ни даде сила и љубов, за некако да ја преживееме оваа болка – напиша Нина.

Да потсетиме, фотографии од скршениот Кобиљски го обиколија регионот. Тој во четвртокот го зел ранецот и розовата тетратка на неговата 14-годишна ќерка Е.К., која била убиена во престрелката, а потоа го залепи некрологот на вратата од училиштето.

Слични содржини