Порака на Нуланд: Решението за кризата е преку одговорност за криминалот

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Јасната поддршка за Специјалното обвинителство при посетата на Викторија Нуланд испрати порака дека Вашингтон ќе инсистира на одговорност за сите оние кои се вклучени во криминални дела, коментираат аналитичаритеза  DW.

0,,18456968_303,00

Помошничката на државниот секретар на САД Викторија Нуланд замина охрабрена од Македонија, со очекувања за брзо решение на политичката криза. Засега е нејасно дали оптимизмот на високата претставничка на Стејт Департментот се должи на некакви придвижувања во преговорите помеѓу партиите. Но она што е кристално јасно се пораките за недвосмислена поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и Пржинскиот договор.

Нуланд во земјава испрати повеќе важни пораки, меѓу кои и онаа дека не е исклучена можноста за формирање на Специјално одделение во Кривичниот суд, кое ќе работи на случаите кои ќе ги процесуира Специјалното обвинителство, опција за која се погласно се говори во јавноста како нужна за правна разврска.

Таа го поддржа СЈО и дури порача дека од работата на оваа институција и враќањето на правдата во земјата, зависи иднината на Македонија во Европската унија и НАТО.sjo

„Работата на СЈО е од клучно значење за враќање на владеењето на правото, одговорност и вистински правен систем во Македонија, што е клучно доколку земјата сака да стане членка на ЕУ и НАТО“, рече Нуланд.

./..
„Посетата на Нуланд значи дека Американците ќе инсистираат на процесуирање на одговорноста за сторените криминали. Ќе се формира и Специјално судско одделение и ќе се процесуираат делата, се што треба ќе се направи“, вели Ордановски. Наскоро може да се очекува договор од партиите и излез од политичкиот ќор сокак, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

повеќе тука

Слични содржини