Порака од Данска: Македонија да го зграпчи моментумот за проширување на ЕУ

од Nikola Popovski
47 прегледи

Моментумот за проширување е апсолутно тука. Процесот е тука и прогресот е направен и за Украина и Молдавија, а со Албанија отвораме два нови кластери. Гледаме напредок и кај Црна Гора кој не се случуваше долго време во земјата. Искрено сакам да кажам дека е моментумот е присутен и ве молам да го зграпчите, изјави министерката за европски прашања на Данска Мари Бјере при посетата на земјава.

Таа беше запрашана што со македонското прашање и дали Данска во наредните шест месеци ќе преземе нешто поконкретно за закочениот европски пат.

Според Бјере, само преку претстојното претседавање на Данска со ЕУ, не можат самостојно да го туркаат прашањето за Македонија, но се тука за да се најде конструктивно решение за да може заеднички да се види каде може да се најде напредок.

-Се гледа дека С. Македонија има остварено голем напредок, но мора да се направат некои измени затоа што сметаме дека можеме да ви помогнеме во оние делови во кои се очекува наша помош, рече Бјере на прес-конференција со нејзиниот македонски колега, Орхан Муртезани.