Пораките кои Хамилтон му ги остави на својот наследник Антонели

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Во неделата, Луис Хамилтон учествуваше во неговата 246-та и последна трка за тимот на Мерцедес пред неговото преминување во тимот на Ферари.

Неговото место во тимот на „Сребрените стрели“ ќе го заземе младиот Италијанец Андреа Кими Антонели, кој следната година ќе дебитира во Формула 1. И координаторот на тркачкиот тим на Мерцедес, Стивен Лорд, откри какви пораки оставил Хамилтон за неговиот наследник.

„Влегов во собата на Луис и имаше рачно напишана белешка до Кими залепена на ѕидот. Со неа, тој го пречека во неговата нова соба, му посака среќа и кажа многу убави работи за тимот и како „ако се грижиш за нив, тие ќе се грижат за тебе“ затоа што тие се добар тим.

„Ја врамивме оваа белешка за да биде зачувана. Потоа влегов во бањата и над држачот за тоалетна хартија беше напишано „Луис беше тука“ со смајли“, додаде Лорд.

Слични содржини