Поранешен директор на разузнавачи, сега лидер на партија (PDK) на Косово

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели е нов лидер на владеачката Демократска партија на Косово, ДПК (PDK). Со јавно гласање, 740-те делегати на седмата вонредна Конвенција на ДП едногласно му ја дадоа довербата на Весели да ја раководи партијата. kadri-veseli-ibna-41851

– Животот ме научил дека нема ништо посвето од довербата на човекот и благодарам за оваа доверба. Ви благодарам за довербата за која секогаш ќе ви бидам благодарен – изјави Весели пред делегатите заблагодарувајќи се на довербата. Заедно со Вас веднаш ќе почнеме со работа и онаму каде има застој ќе ги признаеме грешките и ќе работиме за подобри денови, за да обезбедиме подобра иднина на граѓаните – додаде Весели, гарантирајќи дека ќе продолжи сојузот со САД.

Инаку Кадри Весели, е  поранешниот директор на косовската разузнавачка служба,  а сега веќе  претседател на владејачката Демократска партија на Косово (PDK), наследувајќи го Хашим Тачи кој на почетокот од април ја презема должноста шеф на државата.

hqdefault (1) Кадри Весели, многу близок соработник на Хашим Тачи, беше висок челник на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК – UCK), во која ја водел разузнавачката служба SHIK, официјално згасната во 2008 година. Седумнаесет години на чело на најголемата партија на Косово, се до 1 март годинава, беше Хашим Тачи, кој по изборот за претседател на Косово се повлече од функцијата претседател на партијата, како и од функцијата потпретседател на косовската влада и шеф на дипломатијата 

Приштински и белградски медиуми пипуваат дека името на Кадри Весели се споменува заедно со на Хашим Тачи, во Извештајот на Советот на Европа за аферата со трговија со човечки органи, главно на српски затвореници, во текот на војната на Косово во 1998/1999 година. Тачи, кому овој извештај од 2010 година силно му го наруши угледот во Европа, ги отфрла сите обвиненија.

09_12_2014_8269768_aa

Специјалниот суд за воени злосторства коишто ги извршиле косовските Албанци во текот на споменатиот судир со српските сили во оваа поранешна јужна српска покраина, треба да биде воспоставен во текот на годинава во Хаг и да ги истражува политичките убиства во коишто би можело да биде вмешано и разузнавањето водено токму од наследникот на Тачи,  сега новиот лидер Весели.