Поранешен ас на Ливерпул стави крај на кариерата

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Рајан Бабел, поранешен играч на Ливерпул и холандски репрезентативец, ја заврши кариерата на 37 години.

Последен клуб за кој настапувал е турскиот Ејупспор во 2023 година. Покрај Ливерпул, Бабел меѓу другите ги носеше и дресовите на Ајакс, Фулам и Галатасарај.

Тој беше дел од холандската репрезентација на Светските првенства во 2006 и 2010 година.

„Поминав долг пат во мојата кариера. Од моите почетоци во Ајакс, до играњето за некои од најголемите клубови во Европа. Благодарение на фудбалот, ова беше незаборавно патување. Направив повеќе отколку што сонував“, напиша Бабел.

Слични содржини