Поранешен член на МОК: Серена Вилијамс во текот на кариерата 9 пати доби исклучок од листата на забранети супстанци за да лекува болести

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Романецот Јон Цирјак, поранешен член на Меѓународниот олимписки комитет, откри досега непознати работи за Серена Вилијамс.

Цирјак, кој е и поранешен тенисер, сопственик на турнир во Букурешт и милионер, зборуваше за кариерата на познатата Американка.

Тој тврди дека Вилијамс имала одредени привилегии во текот на нејзината кариера.

„Овде нема грешка, се што кажувам се факти. Серена Вилијамс во текот на кариерата девет пати добила исклучок од листата на забранети супстанци за да ги лекува своите болести“, изјави Цирјак и додаде:

„Тоа е еден повеќе од олимпискиот шампион на 100 метри, Американецот Ноа Лајлс“.

Цирјак потоа рече дека знае за еден играч кој прима дневно инјекции, потенцијално мислејќи на Саша Зверев, кој има дијабетес тип 1.

„Познавам играч кој го има и кој прима по една инјекција дневно, но нема да го изложувам бидејќи навистина ми се допаѓа“, изјави Романецот.

Инаку, Цирјак беше дел од МОК се додека не поднесе оставка во 2000 година бидејќи на неговата сонародничка, гимнастичарката Андреа Радукан и беше одземен златниот медал затоа што наводно била позитивна на псеудоефедрин.

Тој бил толку убеден во нејзината невиност што решил да ја напушти организацијата.

Слични содржини