21
Поранешниот дефанзивец на Лидс, Лестер и шкотскиот Хибернијан, Сол Бамба, почина на само 39 години, соопшти неговото семејство.
Дефанзивецот од Брегот на Слоновата Коска кариерата ја започна во францускиот гигант Пари Сен Жермен, а потоа играше за Данфермлајн и Мидлсброу.
Тој беше дел од ѕвездениот тим на Кардиф кој освои промоција во Премиер лигата во 2018 година.
Бамба од неодамна почна да работи како тренер во турски Аданаспор.