Во престрелка што се случила рано утрово во угостителски објект во Белград, ранети се двајца мажи од кои едниот е германскиот боксер Марио Дасер. Дасер има 37 години и е поранешен германски професионален боксер кој ја освоил европската WBO титула во крузер категорија во 2017 година.
Тој бил донесен во Ургентниот центар во Белград околу 04:00 часот со две прострелни рани во потколеницата. Како што пренесуваат српските медиуми, бил ранет во ресторан, а потврдено е дека имало двајца напаѓачи.
Кога станува збор за неговата спортска кариера, Дасер имал 13 борби од 2009 до 2017 година и ги добил сите. Шест од победите биле со нокаут.
Пред три години се зборувало за негово враќање во рингот, но Дасер веќе јасно ја променил кариерата и се преселил во индустријата за изградба на монтажни куќи. Исто така, медиумите во Германија пишуваа за него дека е милионер.
Српската полиција ги истражува можните мотиви за претстрелката.
-Две лица се ранети утрово во престрелка што се случила нешто по три часот во ресторан на улицата „Кнез Данилова“ во Палилула, соопштиле од српското МВР.