Поранешен фудбалер на Челзи извлечен од урнатините во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

„Кристијан Атсу е извлечен од урнатините со повреди. Спортскиот директор на нашиот клуб Танер Савут за жал се уште е под урнатините“, сподели Мустафа Озат, потпретседателот на турскиот клуб, чии членови беа во хотелот за време на разорниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Во понеделникот вечерта, неколку часа по серијата страшни земјотреси, се појави информација дека фудбалерот од Гана не е жив, но набрзо беше демантирана со напомена дека се уште е под урнатините.

На крајот се добро се заврши, иако нема попрецизни податоци за природата и тежината на повредите на 31-годишниот играч кој од оваа сезона е во Турција, а дел од кариерата мина во Челзи.

Слични содржини