Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те е осуден на 20 години затвор поради корупција.
Ли Те беше прогласен за виновен за примање мито од над 50 милиони јуани како селектор на Кина, според пресудата на судот во централната провинција Хебеј. Истрагата беше покрената во ноември 2022 година, а Ли Те се изјасни за виновен за мито и корупција во март оваа година.
Во замена за добиените пари, Ли повикал одредени играчи во репрезентацијата, а им помагал и на клубовите да потпишат договори со играчи.
Ли Те е еден од најпознатите кинески фудбалери, а својата земја ја претставуваше како претставник на Светското првенство во 2002. Селектор на Кина беше од 2019 до 2021 година, кога поднесе оставка.
Играше и во Премиер лигата за тимот на Евертон.