Поранешен фудбалер на Црвена звезда од Тел Авив: Веќе бегав во засолништа, не сакам повеќе

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Фудбалерот на Макаби, Александар Пешиќ, поранешен играч на Звезда, се јави од Тел Авив, каде се најде среде ракетиран израелски град.

Конфликтите меѓу Израел и Палестина вчера се претворија во вистинска војна, а поранешниот напаѓач на Црвена звезда ја откри ситуацијата во Тел Авив.

– Не е сеедно… Искрено, навистина стана напнато. Не се чувствувам безбедно. Единствената добра работа е што ги испратив моите дома пред околу десетина дена, така што ми е полесно од таа страна – рече Пешиќ за Б92.

На прашањето дали успеал да стигне до засолниште, Пешиќ одговорил: „Јас веќе бегав во засолништата, не сакам повеќе, искрено“.

Слични содржини