184
ИБЕЗИТО ОГБОНА, поранешен фудбалер на македонски Вардар, беше ранет во војната меѓу Палестина и Израел.
Нигериецот беше полесно ранет откако ракета на Хамас падна врз неговата куќа.
„Јас сум жив и здрав, но мојот дом е уништен“, напиша Огбона на Фејсбук, каде што ја сними ситуацијата во живо по експлозијата.
Тој играше за Вардар пред осум години, а пред тоа го носеше дресот на Хапоел од Тел Авив. Денес е член на локалниот клуб Агудата.
Повеќе од 200 лица се убиени и неколку илјади ранети во судирите меѓу Палестинците и Израелците во последните неколку дена.