Бери Ричард МекКафри, пензиониран американски генерал и деловен советник, кој служеше во кабинетот на претседателот Бил Клинтон, ја коментираше моменталната ситуација на бојното поле во Украина.
Тој наведува дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да употреби нуклеарно или хемиско оружје доколку падне еден град кој претходно бил окупиран од неговите сили.
On MSNBC. MORNING JOE. Monday 3 Oct 9 am ET. Ukraine. If Kherson falls and Putin loses 15,000 of his best troops it will be a political disaster destabilizing the state. He cannot find a way out. The only escalatory tools will be Tac Nukes or CW. Disaster.
— Barry R McCaffrey (@mccaffreyr3) October 3, 2022
„Ако Херсон падне и Путин изгуби 15.000 од своите најдобри војници, тоа ќе биде политичка катастрофа што ќе ја дестабилизира земјата. Тој не би можел да пронајде излез. Единствените алатки за ескалација ќе бидат тактичкото нуклеарно оружје или хемиското оружје. Катастрофа“, наведе МекКафри.
Што се однесува до хемиското оружје, пензионираниот генерал наведува дека нервните агенси се доставуваат првенствено од артилерија и воздухопловните сили.
„Тоа е лошо оружје против добро опремени и обучени војници. Тоа е страшно оружје на теророт против цивилите. САД и НАТО би преземале голема акција со конвенционално оружје против Русија“, тврди МекКафри.