Поранешен генерал на НАТО откри која е следната цел на Путин: „Таму ќе има МАСАКР“

Поранешниот командант живописно опиша како би изгледал рускиот напад на Балтикот

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Пензионираниот британски генерал и поранешен висок командант на НАТО, Сер Ричард Ширеф предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин ќе направи хаос во Европа доколку Украина капитулира.

Поранешниот командант, кој ги предводеше Британците во првата Заливска војна и Ирак, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека му задал „смртен удар“ на НАТО и предупреди дека евентуалниот мир со посредство на Трамп може да доведе до капитулација на нацијата.

„Депортација, силување, масакр“

„Ова му дава можност на Путин да прогласи победа и повторно да се вооружи, да се регенерира и да ги изгради своите вооружени сили. Кога ќе заврши со тоа, ќе ја заврши Украина. Никогаш нема да се откаже од преземањето на цела Украина“, тврди Ширеф, кој служеше како заменик врховен командант на НАТО во Европа.

Ширеф наведува дека Путин потоа ќе се упати во Молдавија, Грузија и Романија, каде што ќе се меша во изборите и ќе ги стави своите марионети на власт. Потоа, како што вели Ширeф, ќе се упати кон Балтикот.

„И тогаш ние сме во војна со Русија бидејќи имаме илјада војници во Естонија, а исто така и Французите, Германците и Канаѓаните на Балтикот“, изјави Ширеф за „Сан“.

Некогашниот командант сликовито опишува како би изгледал рускиот напад на Балтикот.

„Кога Русија напаѓа, изгледа како она што го видовме во украинскиот град Мариупол. Изгледа како депортација на деца, силување на жени и масакр на цивили. Тоа се случува кога Русија напаѓа“, предупредува Ширеф.

Потсетуваме дека Мариупол во источна Украина беше претворен во урнатини откако руските сили го нападнаа со тенкови, минофрлачи, проектили и авиони во 2022 година.

Слични содржини