Поранешен командант на НАТО: Војната во Украина ќе трае со години (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Поранешниот командант на НАТО ја доведе во прашање брзината со која западните земји ја вооружуваат Украина – и изјави дека поради таквата „ургентност“ на Западот, војната во Украина може да трае со години.

Поранешниот заменик врховен командант на сојузничките сили на НАТО, Сер Ричард Ширеф, во изјава за „Скај њуз“ вели: „Ако Британците или другите западноевропски земји и Америка ѝ дадоа оружје на Украина пред една година, кога тоа беше потребно и итно, немаше да зборуваме за ова денес. Резултатот, се разбира, е дека украинската контраофанзива, кога ќе дојде, ќе бара силен напор за да се постигне посакуваниот успех. И се сомневам дека ќе го постигне тој успех веднаш во првата офанзива, веројатно ќе видиме големи напади во месеците и годините кои доаѓаат“.

Ширеф ги коментираше и тврдењата на Володимир Зеленски дека Украина ќе ја победи Русија до крајот на оваа година.

„Би сакал да биде така. Тоа би било брилијантно. Но војувањето не е едноставно, работите никогаш не одат според планот и морате да бидете подготвени на најлошото сценарио. Мора да бидеме подготвени за низа украински офанзиви што ќе бара значителна логистика, обука и поддршка од Западот за конечно да го постигнеме она што сакаме да го направиме“, заклучи тој.

Слични содржини