Поранешниот потпретседател на Организацијата на ветерани на ОВК, Насим Харадинај, изјави дека во случај на пресуди против поранешни лидери на ОВК пред Специјалниот суд во Хаг, може да има немири на Балканот.
Харадинај нагласи дека најчувствителна би била ситуацијата во Македонија.
„Тоа го кажав пред месец и половина. Ќе има немири на Балканот, а најслабата точка ќе биде во Македонија, бидејќи работите таму се уште се комплицирани и притисокот врз Албанците веќе започна“, рекол тој, пренесува „Економија онлајн“.
Судењето на четворица поранешни лидери на ОВК влегува во својата последна фаза.
Поранешниот висок американски функционер Џејмс Рубин сведочеше пред судот вчера и денес, додека до крајот на декември се очекува одлука за евентуалното завршување на процесот против четворицата обвинети.