Поранешен косовски МНР: Османи да престане да ја разгорува приказната за скопскиот аеродром

од Nikola Popovski
556 прегледи

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими смета дека приказните на претседателката на Косово, Вјоса Османи за инцидентот на скопскиот аеродром не придонесуваат ниту за неа, ниту за Косово.

Тој на платформата „Х“ објавил дека Османи не се огласувала за далеку поважни прашања, како што се заканите од тамошната влас за слободата на говорот.

„Претседателката Османи треба да престане секој втор ден да ја разгорува оваа приказна за нејзините зафрканции на скопскиот аеродром. Тоа не е во ред. Тоа не ѝ помага ниту на неа ниту на Косово. Никогаш не кажала ниту збор за многу поважни прашања – од заканите на власта за слободата на говорот до колапсот на нашата дипломатија“, напишал Селими.

 

Претседателството на Косово реагираше откако македонската Агенција за цивилно воздухопловство утврди дека вработените на аеродромот во Скопје постапиле кон косовската претседателка врз основа на меѓународните стандарди и процедури и порачаа дека Османи повеќе нема да патува преку нашиот аеродром.

Агенцијата за цивилно воздухопловство заклучи дека аеродромот не ги прекршил правилата за време на, како што соопшти Османи, дипломатскиот скандал. Во извештајот се посочува дека претседателката на Косово одбила да биде проведена во уште два случаи на скопскиот аеродром.

Слични содржини