Поранешен романски репрезентативец без искуство како тренер во сениорскиот фудбал ја презема Парма

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Поранешниот романски интернационалец, Кристијан Киву е нов тренер на Парма, соопштија од клубот.

Поранешниот дефанзивец пристигна во градот во регионот Емилија Ромања за да одржи состанок со раководството на тимот, по што потпиша личен договор со „крстоносците“.

Киву на кормилото на Парма ќе го замени досегашниот тренер Фабио Пекија, кој во понеделникот доби отказ.

Првичните извештаи во понеделникот покажаа дека клубот претпочитал да го земе Игор Тудор, но на крајот се свртеле кон поранешниот дефанзивец на Интер.

Интересно, самиот Киву досега не водел сенироски тим и бил само на чело на младинските тимови на академијата на „нероазурите“.

Парма последен пат забележа победа на крајот на декември и се наоѓа во опасната зона.

Слични содржини