Поранешен советник на Ангела Меркел: Ја оставивме Германија премногу зависна од рускиот гас

од Radmila Tasevska
226 прегледи

Поранешниот главен економски советник на Ангела Меркел Ларс-Хендрик Рулер изјави денеска дека политиката на поранешната канцеларка ја остави Германија премногу зависна од рускиот гас, додавајќи дека таа требало да направи многу повеќе за да го диверзифицира снабдувањето со енергија.

„Да го знаевме тогаш она што го знаеме сега, се разбира дека ќе постапевме поинаку“, изјави Рулер за Фајненшал тајмс

Рулер нагласи дека евтиниот руски гас дал огромен поттик за германската економија, помагајќи и да обезбеди 10 последователни години раст.

Рулер додаде дека Меркел, која беше канцеларка од 2005 до 2021 година, немала друг избор освен да се потпре на рускиот гас откако решила постепено да ја укине употребата на нуклеарна енергија.

„Дали тоа е правилното нешто е дискутабилно, но во тоа време постоеше консензус во општеството за тоа“, рече Рулер.

Слични содржини