Поранешен телохранител се заканил дека ќе објави фотографии од Шумахер

од Nikola Popovski
99 прегледи

Маркус Ф – поранешен телохранител на легендарниот Формула 1 воза,  Михаел Шумахер, се обидел да го уценува семејството на Германецот барајќи дури 15 милиони евра, пишува „Дејли Мејл“.

Телохранителот откако добил отказ поради промени во здравствената нега на Шумахер, наводно украл околу 1.500 доверливи досиеја.

Меѓу нив имало фотографии, видеа, списоци со лекови и медицинска документација, а спорните материјали ги зачувал на УСБ-стик и хард дискови.

Потоа, заедно со неговиот пријател Јилмаз Т. и неговиот син Даниел Л., му се заканил на семејството Шумахер дека ќе ги објави информаците, доколку не ја добијат бараната сума.

Летово, германските власти ги уапсија Маркус Ф., Даниел Л. и Јилмаз кои остануваат во притвор под обвинение за изнуда.

Од друга страна, британските медиуми објавија дека Маркус Ф и Даниел Л. се пуштени со кауција.

Седум кратниот не е виден во јавноста од 29 декември 2013-та, денот кога доживеа тешка повреда на мозокот после пад на скијање. На десетгодишнината од хоророт, борбата на неговото семејство за приватност, неговото закрепнување и како непоколебливата љубов на неговата сопруга го одржува семејството.

Слични содржини