Популарниот бразилски тренер Вандерлеј Луксембурго го критикуваше својот сонародник Винисиус Жуниор за неговото однесување и не ја поддржува тезата дека напаѓачот на Реал Мадрид бил оштетен при гласањето за „Златната топка“. Стручњакот е и поранешен тренер на гигантот од „Бернабеу“, иако на кормилото се задржа само на 45 натпревари во периодот јануари – декември 2005 година.
Тренерот ја коментираше популарната снимка од натпреварот помеѓу Реал и Баерн Минхен, на кој Џошуа Кимих му ја додава топката на Винисиус, но тој демонстративно ја фрла на земја, што многумина го сфаќаат како провокација. Сепак, има уште една каде Лука Модриќ реагира на сосема поинаков начин, ставајќи ја топката на аут-линијата во слична ситуација.
„Фактот што Вини не ја подигна „Златната топка“ нема никаква врска со расизмот“, рече Луксембурго во интервју за новинарот Бенџамин Бек. – „Гледав клип во кој се потсмева на играч на Баерн. Истовремено, во слична ситуација фер-плеј демонстрираше и Модриќ кој е од истиот клуб. Исто така, кога Винисиус е клоцан, тој веднаш скока да се тепа. Замислете колку често беа фаулирани Пеле и Зико (но не реагираа така – н.з.). Вини е погоден од прекршувањата против него како да се направени затоа што има темна боја на кожа“, истакна тој.