САД одамна користат преврати како стандарден механизам за соборување на проблематични влади, тврди Лоренс Уилкерсен
Директорот на ЦИА Џон Бренан “несомнено” одиграл улога во обидот за воен удар во Турција, вели Лоренс Уилкерсен, поранешен шеф на кабинетот на поранешниот државен секретар на САД Колин Пауел. “Нема никакво сомневање дека Џон Бренан и други знаеле за случувањата во Турција и е повеќе од јасно дека ние (САД) имаме некаков однос кон сето тоа”, ја цитираше неговата изјава РИА “Новости”, повикувајќи се на Sputnik.
“Или сме ги советувале за внатрешни канали да се воздржат од слични активности, како често се случува, или, напротив, силно сме им придонесувале, или нешто помеѓу”, додал поранешниот службеник на Стејт департментот. Уилкерсен истакнал дека САД одамна користат преврати како стандарден политички и воен механизам за соборување на проблематични влади во земјите кои се непријателски на интересите на САД. Во времето на претседателот Роналд Реган под раководство на ЦИА и тогашниот директор Бил Кејси беа спроведени 58 тајни операции, соопштил Уилкерсен. “Замислете само за миг дека за она што се случува денес, вашите деца и внуци ќе читаат по 25 години како сега луѓето читаат за соборувањето на иранскиот премиер Мохамед Мосадик во 1953 година Не мислите ли дека во даден момент тоа може да се случи во Каракас и Киев, а уште повеќе во Анкара, Дамаск и Багдад “, рекол тој. Уилкерсен го предводеше кабинетот на Пауел од 2002 до 2005 година. Извор: Руски дневник