Поранешна мисица на Југославија во брак со шеик: „Живеам во харем со 147 жени“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Јелена Бин Драи, Србинката која се здоби со популарност како мис на Југославија, во последните десет години живее во Дубаи, каде се омажи за Саид Бин Драи, шеик чие богатство се проценува на две милијарди долари, пренесува „Слободна Далмација“.

Денес, парот има четири деца, деветгодишната Асија, една година помладата Хилал, шестгодишниот Хамдан и бебето Рашид.

Со оглед на тоа што има скромни корени и сега живее во големо богатство, Јелена често наидува на навреди и стереотипи, поради што своевремено гордо се наречеше себеси „повампирена Хурем“.

„Да бидам искрена, да фрлав камен на секое куче кое лае по мене, немаше да стигнам далеку“, изјави поранешната мисица, сега успешна претприемачка, која се осврна и на озборувањата дека живее во харем.

„Секако дека живеам во харем. Јас сум повампирена Хурем. Мојот сопруг е Султан Величенствениот, тоа веќе го знаете и за среќа има уште 147 сопруги, па за време на оваа пандемија не морам да го трпам и да го гледам секој ден“, рече Јелена и го опиша својот живот во Дубаи.

„Кога не се занимавам со сопругите на султанот и кога ми останува слободно време од час или два, го водам здравствениот сектор, IT-Tech start-up секторот, градинка и уште неколку компании. Понекогаш се занимавам и со децата, само за да се сетат која им е мајка. Тренирам, а навечер шетам на плажа, кога ќе ја отклучат оградата од мојот златен кафез“, саркастично објасни поранешната манекенка.

Според Јелена, успехот е единственото нешто што луѓето никогаш не го простуваат. Сепак, таа тврди дека не е сигурна дали е успешна поради кариерата или затоа што се „омажила богато“.

Оваа убавица трпи навреди и поради фактот што се омажи за муслиман. Сепак, тоа не ѝ влијае премногу.

„Ќе дојдам во Србија кога ќе ми дозволат обврските во палатата и кога ќе посакам свински уши и опашки, само се надевам дека султанот нема да го прочита ова“, изјави на шега Јелена за медиумите.

Слични содржини