Поранешна сноубордерка од Словенија се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Сензација во Париз! Словенката Тамара Зиданшек (23) го оствари најголемиот успех во кариерата пласирајќи се во полуфиналето на Ролан Гарос, совладувајќи ја Шпанката Паула Бадоса по голема борба со резултат 7:5, 4:6, 8:6.

Зиданшек стана само втората Словенка со полуфинале на Грен слем, прва по Мима Јаушовец, која го освои Ролан Гарос уште во 1977 година.

Да потсетиме, ривалката на Словенката, Бадоса, исто така го одигра своето прво четвртфинале на Гренд слем турнирите, па борбата беше прилично напната и неизвесна, со среќен епилог за Зиданшек.

Светската број 85 водеше со 1: 0 во сетови и 4: 2 во вториот, но 35 тенисерка во светот Бадоса потоа освои шест гема по ред!

Словенката, за која сноубордот некогаш беше примарен спорт, спаси три брејк топки на 6:6 во третиот сет, а потоа ја искористи втората меч топка за најголем успех во кариерата.

Во следното коло Словенката ќе се соочи со далеку потешка задача, борба со искусната Русинка Анастасија Павличенкова, која ја победи Казахстанката Елена Рибјакина.

Слични содржини