Андерсон Луис де Абреу Оливеира, попознат во светот на фудбалот само како Андерсон, е обвинет за работа во криминална организација и е обвинет за перење пари и кражба.
Доколку се докажат обвиненијата, тој би можел да заврши во затвор многу години.
Тој е осомничен дека украл пари во вредност од 35 милиони бразилски реали или околу 555 илјади евра од банкарски сметки преку Интернет со уште седум други соучесници.
Љубителите на фудбалот го паметат Андерсон од периодот кога играше за Манчестер Јунајтед откако дојде како голем потенцијал во голем трансфер од Порто за 30 милиони евра.
Во тој период, тој го доби и ласкавото признание за најталентираниот млад играч во Европа.
Сепак, доаѓањето во Англија беше голем неуспех бидејќи тој никогаш не успеа да ги оправда очекувањата. Неговата кариера тргна надолу, а не помогнаа ниту позајмиците во Фиорентина, ниту враќањето дома во Интернационал и Гремио.
Неговата последна станица беше Адана во Турција, по што одлучи да ја заврши кариерата на 33 -годишна возраст.
Неуспехот на теренот очигледно го натера на криминал, па Андерсон се соочува со тешки обвиненија што можат да го лишат од слобода многу години.
Atenção. @mp_rs denuncia o ex-jogador do @SCInternacional , @Gremio e com passagem pela seleção brasileira de futebol Anderson Luís de Abreu Oliveira, o Andershow, por crimes como furto qualificado, organização criminosa e lavagem de bens, direitos ou valores. @gzhdigital
— Eduardo Matos (@_eduardomatos) August 20, 2021