Некогашната тин ѕвезда и актерка Аманда Бајнес и нејзиниот поранешен партнер Пол Мајкл на социјалните мрежи објавија дека очекуваат бебе, но фотографијата набргу ја избришаа.
Нејзиниот адвокат откри дека станува збор за лажна информација.
– Успешно влегов во трага на потеклото на објавата, па ја отстранија. Ја молам јавноста за приватност во овие тешки времиња – рекол адвокатот.
Но, странските медиуми пишуваат дека неколку извори потврдиле дека се работи за лажна вест и дека родителите на актерката се загрижени за најзиното ментално задравје.
Инаку, Аманда со години се бори со биполарно пореметување и зависност од дрога и алкохол. Пред неколку дена ја напушти клиниката за одвикнување. По излегување живеела со родителите бидејќи така одлучила, а подоцна добила и дозвола од судот дека може да живее сама доколку сака.
Аманда и Пол на Валентајн се свршија, а пред неколку дена Пол откри дека раскинале.