Поранешната девојка на Ди Каприо станува „Чуварка на плажата“

од Vladimir Zorba
363 прегледи

– Снимањето на филмската верзија на култната серија „Чувари на плажите“ е во тек, а фановите се прилично задоволни со замените на Памела Андерсон, Дејвид Хаселхоф и остатокот од екипата.07.04.leo-kelly-rohrbach2

Мич, на филмското платно ќе го игра Рок, а улогата на Памела Андерсон во филмот и припадна на поранешната девојка на Леонардо ДиКаприо, Кели Рорбак. Иако можеби некои ќе кажат дека Памела е незаменлива, сепак Кели одлично ја сработува нејзината задача, а црвениот бикини и стои фантастично.

За потребите на филм и нејзиниот костим за капење е модернизиран и таа појавува во бикини, а фотографиите објавени на нејзините профили на социјалните мрежи покажуваат дека убавата актерка ја заслужува улогата на познатата Си.Џеј. Паркер.Kelly-Rohrbach-Sports-Illustrated-Swimsuit-2016-06-662x993

Се чини дека Кели воопшто не го соблекува костимот за капење, без разлика дали станува збор за фотографии за познатиот „Спортс Илустрејтед“ или едноставно ужива во приватноста.

Веројатно затоа не е ни чудо што само на Инстарграм има 253.000 следбеници.