Поранешната девојка на Флојд Мејвотер и мајка на неговите три деца, Џоси Харис е пронајдена мртва, а имала само 40 години.
Полицијата на пронашла во нејзиниот автомобил во Валенсија во Калифорнија во понеделникот навечер. Според пишувањата на TMZ, полицијата не ја смета смртта како сомнителна, но има истрага.
Харис, во неколку наврати го обвинила Мејвотер за злоставување, а два месеци помина и во затвор откако во септември 2010 година, таа го обвини дека ја нападнал пред нивните деца.
Мејботер трвдел дека е осуден само поради неговиот изглед.
„Црн сум, богат сум и сум јавна личност. Тоа се три причини“, рекол во едно интервју.
Сепак, тој призна дека бил насилен кон неа.
„Дали издржував жена која се дрогира? Да. Доколку тоа се смета за семејно насилство, тогаш виновен сум“, рекол.
Тој со Џоси бил од средно училиште се до прекинот во 2007 година. Зедно имаат три деца, синовите Корана и Зиона и ќерката Јирах.