Трагедија ја шокираше Америка: Сурово убиство на боксер во Лос Анџелес, го „изрешетале“ од автомобил во движење пред неговата девојка

Американскиот боксер Мајлик Бирдсонг почина на 31-годишна возраст во Лос Анџелес како последица на здобиените повреди

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Професионалниот боксер Мајлик Бирдсонг почина во Лос Анџелес од повреди здобиени во напад во неделата.

Тој итно бил пренесен во болница, но за жал им подлегнал на повредите.

Полицијата констатирала дека тој има дури седум прострелни рани во горниот дел од телото.

Имено, во моментот кога Бирдсонг стоел со својата девојка пред автомобилот, дошло друго возило од кое бил застрелан.

Првично ранет, боксерот почнал да бега кон неговата куќа, но напаѓачите излегле од возилото и почнале да го бркаат и да пукаат во него, каде потоа се здобил со нови рани.

Се шпекулира дека боксерот бил дел од банда во јужен централен Лос Анџелес и дека тоа е причината поради која бил нападнат и на крајот убиен на 31 година …

Слични содржини