Моделот, Амбер Роуз сочувствува со нејзината поранешна ривалка Ким Кардашијан, откако се случи вооружениот грабеж во Париз.
Двајца мажи, наводно, ја врзале 35-годишната Ким и и впериле пиштол во главата, па така успеале да и го украдат накитот во вредност од неколку милиони долари.
Потресената риалити ѕвезда веднаш потоа се обедини со нејзиниот сопруг Канје Вест и со нејзината мајка Крис Џенер во преградието “Tribeca” во Менхетен.
“Тоа навистина е жално. Тажно е.” изјави Амбер, која е поранешна стриптизерка, за списанието “UsWeekly”. Таа моментално, на “Vh1”, ја води нејзината сопствена емисија “The Amber Rose Show” и додаде дека сеуште не стапила во контакт со Ким бидејќи буквално цело време се наоѓала во студиото на “ABC” и дека се чувствува како да живее таму.
Всушност, Роуз и Кардашијан, се сретнаа само еднаш кога направија селфи за склученото “примирје”, откако, 39-годишниот рапер јавно зборуваше против неговата поранешна поранешна девојка.
“Јас и Ким не сме најдобри другарки, мислам дека никогаш нема ни да бидеме, меѓутоа таа ми се допаѓа. Мислам дека е фина девојка. Тоа не значи дека ми се допаѓа и нејзиниот сопруг, таа го знае тоа.” изјави Амбер за списанието “People”, претходно во мај.
Амбер Роуз е исто така најдобра другарка на Блек Чајна(идната жена на Роб Кардашијан, братот на Ким Кардашијан). Таа е поранешна жена на раперот Виз Калифа, со кого има едно заедничко дете.