Поранешната девојка на Елон Маск, уметничката позната како Грајмс, оваа недела објави на Твитер дека сака да има „елфски уши“ и дека посакуваниот изглед ќе го постигне со естетска хирургија.
Во серијата твитови објавени во понеделникот, 34-годишната музичарка рече дека закажала состанок со одличен пластичен хирург пред две години бидејќи сакала „елфски уши“, објави People.
Грајмс разговараше за нејзината желба за „навлаки за вампирски заби“ и „модификатори за елфски уши“.
„Како музичар, оваа операција изгледа ризично, но јас го сакам тоа цел живот“, навела Грајмс.
Во вторникот, Елон Маск, со кого има две деца, одговори на твитот, пишувајќи: „Лошата страна на операцијата веројатно ја надминува добрата“.
Грајмс одговорила: „Тажно е што сум родена само неколку генерации прерано“.