Поранешната девојка на Зејн Малик, Пери Едвардс наводно симулирала оргазам во кревет, додека била со него.

Ѕвездата од групата “Little Mix” ќе издаде нова песна во која опишува точно како се чувствувала во врската со поранешниот член на групата “One Direction”.

Пери и Зејн беа заедно четири години и дури беа свршени, но се разделија минатата година во јули.
Денес, Малик е среќно заљубен и тоа веќе една година со супермоделот Џиџи Адид. Пери пак тврди дека тој не е добар љубовник и признава дека не е сигурна дали некогаш навистина го сакала.

Во својата нова песна “Shout Out to My Ex” Пери му се обраќа на Зејн, мислејќи на Џиџи со зборовите: “Се надевам дека ти, драги, си се научил да имаш поубав секс и таа не симулира оргазам, како што јас правев со тебе. ”

Според гласините Малик редовно ја мамел Едвардс во текот на нивната врска, а освен тоа ја напуштил со смс порака. Таа пак, му се заканила дека ќе му се одмазди преку јавно понижување.
Најверојатно ова е остварување на нејзината закана.