Поранешната лидерка на тимот на Навални осудена на седум и пол години затвор

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Поранешната лидерка на тимот на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Лилија Чанишева, денеска е осудена на седум и пол години затвор поради наводно „создавање екстремистичка организација“, соопшти денеска организацијата за човекови права ОВД-Инфо.

Поддржувачите на Навални бурно реагираа на затворската казна на Чанишева, објави „Ројтерс“.

Помошничката на Навални, Љубов Собол, ја нарече казната политичка пресуда, наведувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „ставил уште еден заложник во казнената колонија“.

Навални отслужува вкупно 11 и пол години затвор за наводна измама и непочитување на судот. Навални рече дека обвиненијата против него се измислени за да го замолчат.

Тој се соочува со дополнителни обвиненија за „екстремизам“ што може да му го продолжи затворскиот рок за неколку децении. Групите за човекови права и западните влади сметаат дека Навални е политички затвореник, што Кремљ го негира.

Слични содржини