Поранешната премиерка на Мјанмар осудена на дополнителни шест години затвор

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Судот во Мјанмар, земја под воена управа, денеска ја осуди поранешната премиерка Аунг Сан Су Чи на дополнителни шест години затвор под обвинение за корупција, објави судски претставник.

Судењето се одржа зад затворени врати, а на нејзините адвокати им беше забрането да даваат информации за постапката, наведува АП.

Су Чи веќе беше осудена на 11 години затвор за бунт, корупција и други обвиненија во претходните судења, откако војската ја собори нејзината избрана влада и ја приведе во февруари 2021 година.

Слични содржини