Поранешната сопруга на Мајкл Џексон се обвинува себеси за неговата смрт: „Можев да направам нешто“

од Vladimir Zorba

Смртта на легендарниот Мајкл Џексон продолжува да ја интригира јавноста. Во американскиот документарен филм „TMZ Investigates: Who Really Killed Michael Jackson“, Деби Роу, неговата поранешна сопруга низ солзи вели дека делумно се обвинува себеси за смртта на „Кралот на попот“.

Имено, таа вели дека требало да преземе нешто кога видела дека пејачот е зависен од лекови против болки.

– Јас сум делумно виновна. Требаше да направам нешто, а не направив. Има многу луѓе кои умреле од зависност и јас на некој начин бев дел од тоа – изјави таа.

Познато е дека Џексон умре од срцев удар во јуни 2009 година, со доволно моќен седатив Пропофол во неговиот систем за да убие носорог, изјави во документарецот поранешниот судски вештак од ЛАПД, Ед Винтер.

Роу, исто така, за време на гостувањето во емисијата „Фокс ТВ“ призна дека се чувствува виновна за смртта на Џексон.

-Јас всушност бев лоша како Клајн и многу ми е жал што учествував во тоа – рече таа не сакајќи да зборува конкретно за Џексон, туку своето внимание го насочи кон Клајн, познат и како татко на ботоксот.

Инаку, Роу се омажи за Џексон во 1996 година и беше сурогат мајка на децата Принц и Парис. Таа беше асистент на врвниот дерматолог Арнолд Клајн, кој почина во 2015 година, и кој даваше моќни лекови против болки на Џексон и други познати личности.

Слични содржини