Поранешната манекенка Данијела Димитровска беше во брак со српскиот водител Огњен Амиџиќ, а сега откри дали запловила во нови љубовни води.
„Во моментов сум многу фокусирана на мојот син и работата. Тоа е она што ме исполнува, секако тука се и пријателите и семејството, од се црпам љубов. За мене е многу важно да имам отворен и близок однос со моето семејство. Јас сум секогаш вљубена. Без разлика дали е љубовта која доаѓа од пријателите, семејството, детето, тоа е она што ме исполнува“, изјави Данијела.
Димитровска откри дали на јавноста ќе ѝ го претстави новиот партнер.
„Ќе зборуваме за тоа кога ќе дојде до тоа, никогаш ништо не сум криела, па нема да го кријам ни тоа“, изјави Данијела која зборуваше и за нејзиниот поранешен сопруг Огњен Амиџиќ и неговата нова партнерка Мина Наумовиќ, која од водителот е помлада 17 години.
„Што се однесува до тоа, јас на сите им посакувам љубов. Јас сум суштество кое цени се што е убаво и позитивно и навистина на сите им посакувам љубов и тоа е тоа“, изјави Данијела за „Блиц“.