Поранешната стриптизета Блек Чајна се самопрогласи за Кралица

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Блејк Чајна се прогласи за “Кралицата”, споделувајќи неколку свои голи слики, на кои раскошното нејзино тело е покриено со бела боја.

Фотосесијата доста наликува во концептот на сесија на Ким Кардашијан од 2015-та. Што се однесува до Блек Чајна, таа натрупа доста самодоверба, откако стана дел од познатиот клан од шоубизнисот Џенер-Кардашијан.

Минатата година 28-годишната риалити ѕвезда роди ќерка – Дрим, од братот на Ким, Клое, Кортни, Кајли и Кендал – Роб Кардашијан.

Блек Чајна има и еден син – Каиро, кој пак е од врската со раперот Тајга, кој во моментов излегува со полусестрата на Роб – Кајли Џенер.

Пред да стане “јавна личност“, Блек Чајна била стриптизерка и очигледно е навикната да го покажува секој сантиметар од телото.

Фото: Instagram

А ова е кадар од сесијата на Ким: