Поранешниот агент на Левандовски: „Сака да покаже дека е подобар од Бензема“

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Иднината на голгетерот на Баерн (Минхен), Роберт Левандовски останува нејасна. Тој има уште една година договор со германскиот шампион, но ја повика управата да го ослободи порано.

Според Sky Sports, Баерн веќе е подготвен да се раздели со полскиот напаѓач, по привлекувањето на Садио Мане, но сака 60 милиони евра за правата на 33-годишниот фудбалер.

Барселона има најсериозен интерес за Левандовски, но шпанскиот гигант е во тешка финансиска ситуација.

Поранешниот агент на Полјакот, Чезари Кухарски пред шпанското радио „Кадена Сер“ проговори за плановите на играчот.

„Тој сака да покаже дека е подобар од Бензема, па ова е уште една причина да замине во Барселона. Левандовски нема соништа. За него фудбалот е работа и тој е исклучителен професионалец. Реал Мадрид и Барселона се на исто ниво“, изјави полскиот менаџер.

„И Барса и Левандовски ќе се борат за овој трансфер. Мислам дека тоа е сосема можно, го гледам тоа. Тој мора да го притисне Баерн да го пушти побрзо. Шефовите на Баерн знаат дека сака да оди во Шпанија. Неговиот план беше Германија, потоа Шпанија и кариерата да ја заврши во САД“, откри Кухарски.

Роберт Левандовски е на семеен одмор на Мајорка. Подготовките со Баерн Минхен треба да започнат на 12 јули, но целта е да се договори трансфер во Барселона пред тоа и да остане во Шпанија.

Слични содржини