Поранешниот англиски фудбалер проговори за кокаинот: Бев зависник

од Симе Стоиков
214 прегледи

Поранешниот англиски фудбалер Дени Марфи вели дека станал зависен од кокаин откако му завршила кариерата.

Марфи играше за Кру, Ливерпул, Чарлтон, Тотенхем, Фулам и Блекбург пред да се пензионира во 2013 година.

Сега работи како аналитичар во „BBC Sport“, но и во некои други медиумит како „Talksport“.

„Кога играте фудбал, адреналинот и допаминот, тие работи ве туркаат напред и ве одржуваат енергични“, рече Марфи на подкастот на Бен Хит, додавајќи:

„Користев кокаин и пушев трева. Пијачка, можев без нејзе. Не бев алкохоличар. Можев да седам дома со алкохол и да не пијам“.

Тој потоа призна дека бил зависник.

„Бев некое време. Стигнав до моментот кога мислев дека не можам да живеам без него. Што беше глупаво, секако дека можев. Го користев еднаш неделно, двапати, потоа три пати. На крајот се насобира и ве зграпчува“, рече Марфи кој одигра девет натпревари за репрезентацијата на Англија

Слични содржини