Поранешниот чешки премиер прогласен за закана поради својот пацифизам

Политичките противници на Андреј Бабиш тврдат дека неговата посветеност за ставање крај на конфликтот во Украина ја загрозува безбедноста на Чешката Република

од Бети Божиноска
180 прегледи

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш станува закана за владата во Прага поради неговите „пацифистички“ изјави за украинскиот конфликт, изјави министерот за надворешни работи Јан Липавски, во интервју за државната телевизија, наведувајќи дека коментарите на поранешниот премиер го нарушиле имиџот на Чешка на меѓународен план.

Бабиш, кој беше премиер помеѓу 2017 и 2021 година, сега е шеф на најголемиот опозициски блок наречен АНО. Минатата недела тој ја критикуваше владата на актуелниот премиер Петр Фијала за прекин на дијалогот со соседна Словачка поради одлуката на Братислава да не испраќа оружје во Украина.

„Сега стана пацифист. Ми се чини дека станува закана за безбедноста на оваа земја. Бабиш не знае ништо за надворешната политика. Правеше апсолутно луди нешта со чешко-полските односи, дозволи Орбан да го води во европската политика на апсолутно луд начин“, изјави Липавски.

Бабиш ги отфрли обвинувањата на своите противници, напоменувајќи дека токму неговата влада протера десетина руски дипломати поради „инцидентот во Врбетица во 2014 година“, за кој подоцна беше пресудено дека станувало збор за несреќен случај.

Во разговор за чешкиот портал iDNESz, Бабиш го опиша Липавски како „некој што по грешка станал министер„ и е „способен да зборува само за Украина“.

„Не закам веќе да зборувам за него. Орелот не лови муви,“ истакна поранешниот чешки премиер.

Бабиш ја критикуваше чешката влада дека поради Украина потполно ги уништила односите со Словачка, со која претходно беа една држава.

За потсетивање, Фијала ја откажа претстојната заедничка седница на владата зашто словачкиот премиер Роберт Фици дал изјаи за Украина за кои Прага смета дека се „промосковски“. Фицо минатиот септември беше избран со ветувањата дека ќе се залага за мирно решавање на украинскиот конфликт, комплетмо менувајжи го претходниот став на Братислава за безусловна воена поддршка за Киев.

Слични содржини